#БиблиоБум е 6 месечна пилот програма која има за цел да креира позитивни промени во локалните заедници преку дизајнирање на нови услуги и искористување на постоечките ресурси на библиотеките со цел нивна трансформација во центри на знаење, информации и идеи.
Во програма ќе бидат вклучени седум библиотеки во Македонија кои ќе работат на дизајнирање на програми кои ќе одговарат на потребите на заедницата. Од секоја библиотека ќе бидат вклучени двајца вработени и еден волонтер.