Библиотеката „Гоце Делчев“ од Домот за Култура во Свети Николе спроведе нова услуга за младите генерации. Твистер е игра која е предизвикувачка и интересна за сите, поготово како е проследена од серија квиз-прашања. 

Твистер е игра која се базира и развива физичка вештини. Се игра на голема церада што се шири на подот или земјата. Се состои од шест реда на големи обоени кругови со различна боја во секој ред: црвена, жолта, зелена и сина боја. Има тркало кое се врти и се користи за да се утврди каде играчот треба да стави рака или нога. Кругот е поделен на четири етикетирани делови: лево нога, десно нога, лева рака и десна рака. Секој од тие четири дела е поделен на четири бои (црвена, жолта, зелена и сина). По вртењето, комбинацијата се нарекува (на пример: “десна рака жолта”) и играчите мора да ја преместат својата рака или нога за појавување во круг со точна боја. Играта се промовира како „игра која ве поврзува во јазли“.

Секој Вторник и Четврток од 11 часот, во библиотеката се емитува детски цртан, сказна или бајка. Групата има за задача внимателно да ги следи деталите, по што следува квиз за приказната. По секој погрешен одговор на квизот следува вртење на кругот и добивање на ново поле за стапнување на Твистер. 

Библиотеката располага со две Твистер церади, една за деца и една за возрасни. 

Посетете ја библиотеката и забавувајте се!
Можете да ја најдете библиотеката и на фејсбук на следниот линк: https://www.facebook.com/dkkrstemisirkovsvn/

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply