Новости

Визијата на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица

Библиотеката како огромно скривалиште на човековата мудрост е место каде секој човек, од сите возрасти, може да ја пронајде својата духовна храна според афинитетите и потребите. Библиотеката е храм кој ги напојува и храни жедните и гладни за знаење. Во нејзините пазуви се крие најголемото богатство до кое може најлесно да се дојде. Место каде што на оној кој сака да се дружи со книгата, секогаш широко му се отворени вратите. Библиотеката преставува незаменлив ресурс на севкупното човечко знаење и логистичка поддршка и едукација на сите нејзини корисници. Таа претставува дел од културниот живот. Книгата е средство за рекреација, сопатник, најинтерактивен од сите медиуми, а во комуниколошка смисла таа е носител на пораката, партнер што е секогаш подготвен да комуницира со читателот. Читањето и пишувањето се најдобрите техники на сите времиња што ги отворија вратите на најдобрите човечки потенцијали, а професијата библиотекар е лесно препознатлива. Иако, последниве години доминацијата е на страната на информатичката технологија, односно на страна на електронската форма, книгата како трпеливо да беше скриена некаде тука помеѓу нас. По малку заборавена, демнееше со истиот оној жар со кој просветителите ја носеа во своите пазуви. Со големите предизвици и промени што особено се чувствуваат во библиотечното работење, библиотеката како установа, објект,потреба, несопирливо заживува и по кој знае кој пат станува место за доверлива средба, средство за кое се чуваат националните богатства и се уриваат јазичните бариери.

Библиотеката е непрофитна организација од областа на културата која преку разновиден библиотечен материјал – кој е пред се извор на информации, овозможува пристап до нив и нивно користење. Исто така се прибираа, обработуваа и презентираа информации од сите области и за сите релевантни корисници на библиотечните услуги. Таа е отворена за јавноста и преку користењето на разновидниот библиотечен материјал, го шири образованието и трајно ги задоволува културните потреби на сите корисници, со што дава посебен придонес во развојот на научно – истражувачката работа и во развојот на образованието, културата, науката и другите дејности. ЛУБ „ Благој Јанков Мучето“ Струмица, како инстуција од културата е главен центар за неформално учење и е една од најпосетените институции за неинстуционално учење. Библиотеката ја надмина својата традиционална улога и со новиот план и стратегија ги прошири и доработи своите услуги. За да може да ги оствари своите програмски активности на повеќе нивоа, на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица, ѝ претходеа активности кои значеа предуслов за трансформација на библиотеката во информативен центар.

Книгата претставува еден од најпогодните, наједноставни медиуми за комуникација. Филозофската, научната мисла, практичните човечки искуства, информациите пренесени на јавноста по пат на пишан збор, сето тоа наоѓа фундамент во книгата. Затоа менаџментот во доменот на книгата претставува значително поширок поим на менаџмент во книжевноста, но тие заедно мора да бидат проучувани, затоа што им се заеднички сите облици на посредништво: издаваштвото и библиотечниот систем. Библиотеката како храм на умот и знаењето, заслужува респект од целокупната јавност.

Библиотеката денес има повеќе функции и пред се, таа постои за потребите на граѓаните. Структурата на корисници ги опфаќа сите возрасти, почнувајќи од најраната – ученици од прво одделение, па сѐ до најстарата возраст.

Создавајќи му на детето навика  да ја посетува библиотеката добива постојан читател и верен почитувач на книгата. Денес, библиотеката прераснува во мултифунционален граѓански информативен центар со богат книжевен фонд и можности за примена на информатичката технолофија, како потреба и реалност. За успешно да се остварува оваа трансформација на библиотеката во современ информациски центар, и во 2018 година, акцентот ќе се стави на: уредување на соодветен функционален простор, следење на потребите од информатичка опрема, овозможување на интернет пристап до релевантни бази на податоци и ангажирање млади стручни кадри.

Давањето добра услуга се потпира врз градењето персонални врски со клиентите. Како вид на промотивен метод – библиотекарот користи различни вештини и техники за градење персонални врски со корисниците на услугата, што резултира со стекнување на вредност од двете страни. Истата, за давателот на услугата најчесто е реализирана преку доброто работење на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица, додека кај корисникот вредноста се реализира преку придобивка. Добивањето услуга не е константна и единствена цел на работењето во библиотеката. Во библиотеката, давањето услуги вклучува и различни информации. Давањето услуги вклучува и персонален контакт. Овој метод се реализира преку директен контакт помеѓу корисникот на услугата и давателот на услугата. Како таков, тој бара разбирање на процесот на комуникација, како исклучително важен елемент во градењето на односи со клиентите. Успешноста во ЛУБ „ Благој Јанков Мучето“ Струмица е во тоа што библиотекарите работат напорно, со љубов кон професијата и ги разбираат потребите на корисниците, со оптимална цел – обезбедување на услугите на највисоко ниво. Со тоа, давањето услуги има една голема улога во промотивните активности. Тоа може да се дефинира како умешност на убедување на корисникот, од страна на библиотекарот, од која придобивка имаат и двете страни.

Содржината е превземена од програмата за развој на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица.

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply