На 17 Декември, Понеделник, ја започнавме првата сесија oд #БиблиоБум, 6 месечна пилот програма која има за цел да креира позитивни промени во локалните заедници преку дизајнирање на нови услуги и искористување на постоечките ресурси на библиотеките со цел нивна трансформација во центри на знаење, информации и идеи.
Програмата беше официјално отварена од страна на претставниците од Американската Амбасада во Р. Македонија, Бен Лингеман и Борка Танеска кои што посочија дека библиотеките се институции во кои што треба да се вложува филантропски, бидејќи се институции кои враќаат во заедниците многу повеќе од вложеното.
На првиот панел, секоја од библиотеките ja презентираше својата визија и мисија во својата работа, а претставниците од Националната и Универзитетска Библиотека „Св.Климент Охридски“, Марко Чучуловски, Сенка Наумовска и Викторија Костоска, посочија иновативни практики и пристапи во библиотечните услуги како водич за понатамошен развој на истата дејност.
Програма е базирана на дизајнерска методологија која фокусот го става на потребите на корисникот, и со чија помош библиотеките преку неколку работни средби ќе успеат да дојдат до идеи за нови услуги и активности кои се потребни во нивните заедница.
Во вториот панел, под водство на фасилитираторот Софија Богева, библиотеките пракично работеа на подготовка на:
- Мапа на засегнати страни – Примарни и секнударни, од корисници па се до потенцијални бизнис партнери
- Дрво на проблеми – Мапа на проблеми и причини за имиџот кој библиотеките го имаат
- SWOT анализа – внатрешни предности и недостатоци на институциите преку која им се овозможува прегледноста на интерните потреби и расположливите ресурси
Во наредниот период следува теренското истражување за потребите на граѓаните од локалните заедници.