Новости

Во чевлите на библиотекарите во програмата #БиблиоБум

Во рамки на програмата #БиблиоБум досега се одржани пет работни средби. Напорно работејќи на трансформација на библиотеките со стара инспирација, ја имавме можноста да се запознаеме подобро со тимовите од низ земјата и да им поставиме неколку прашања за нивната библиотека и нивниот град.

Денеска го споделуваме нашето кратко интервју со Викторија Костоска, библиотекар со долго искуство во  Националната и Универзитетска библиотека во Скопје “Св. Климент Охридски”.

  • Со кој збор би се опишале како тим?

СуперТим!

  • Кога денот ви е наопаку што е она што во библиотеката што може да ви го врати расположението?

Убав настан (како овој) во библиотеката или пак дружење.

  • Замислете дека во вашиот град е прогласен полициски час, вонредна состојба, заглавени сте во библиотеката во наредните 24 часа со 40 луѓе. Што ќе направите за забава?

Би ги организирале луѓето да се посветат малку на уметностите. Проекции на филмови, читање книги, свирење на пијано во библиотеката и слични активности.

  • Организирате интерактивна забава по повод патронатот, роденденот на библиотеката. Набројте три активности што би ги правеле со генерациите: деца, возрасни и пензионери.

Децата може да цртаат, пеат, танцуваат,а возрасните би дискутирале околу услугите на библиотеката, а со тоа и ќе ги чуеме нивните желби! Постарата генерација, пензионерите, би ни дале вредни коментари поради нивното искуство.

  • Во градот доаѓаат 500 туристи, а вашата библиотека има задача да го промовира градот и оформи агенда за запознавање со градот, што би вклучиле?

Најпрво, би предложиле прошетка низ библиотеката и изложба на дел од културното наследство коешто го чуваме тука, зависно од возраста и интересот на повеќето. Потоа би организирале тури низ градот, би ги прошетале да ги видат знаменитостите: спомениците низ центарот, скопското Кале, манастирот Пантелејмон, Матка, Марков Манастир и слично.

  • Желби за библиотеката:

Сакам да ја видам библиотеката помодерна, поатрактивна, поинтересни понуди на услуги. Мултимедијални катчиња коишто ќе привлечат повеќе корисници што ќе ја ценат вредноста на библиотеката и ќе се обратат тука за сите информации, а не само за обична прошетка, да речеме.

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply