Новости

Неготино: Во чевлите на библиотекарите во програмата #БиблиоБум

Катерина, Сузана и Ивана го сочинуваат тимот на локалната библиотека „Страшо Пинџур“ во Неготино, една од 7те библиотеки учесници во програмата #БиблиоБум!

Овој неверојатен тим од инспиративни и секогаш насмеани дами се стреми кон оживување на библиотеката во своето родно место, кон една нова трансформација по повод стара инспирација! Прочитајте што имаа да ни кажат тие на една од работните средби во рамки на програмата:

  • Промената на библиотеките е стара инспирација, но како што вели нашиот слоган, почнавте ли да чуствувате нова трансформација во библиотеката, од почетокот на програмата #БиблиоБум?

Во библиотеката таа промена ја чуствуваме најпрво во нас, преку идејата и волјата да ја реазлизираме!  

  • Со кој збор би се опишале како тим?

Хм..идеја! Хаха!

  • Кога денот ви е наопаку што е она што во библиотеката што може да ви го врати расположението?

Духот на вработените! Односот со другите во библиотеката е секогаш посебен. Таа е една заедница на и за сите нас.

  • Замислете дека во вашиот град е прогласен полициски час, вонредна состојба, заглавени сте во библиотеката во наредните 24 часа со 40 луѓе. Што ќе направите за забава?

Журка! Би читале поезија и би анализирале литература.

За возрасните би организирале повторно црно-бела, хуманитарна забава, нешто што сме го правеле и претходно, па зошто да не ја продолжиме традицијата. Би ја организирале повторно за поддршка на црното мастило и белата хартија, таа е еден вид герила забава во библиотеката. За децата би приредлие тематска забава инспирирана од лектирит каде тие ќе можат да ги одглумат нивните омилени ликови, а воедно и да ги анализираат и научат многу од нив. Би го направиле тоа едукативно и креативно за сите.

  • Во градот доаѓаат 500 туристи, а вашата библиотека има задача да го промовира градот и оформи агенда за запознавање со градот, што би вклучиле?

Во агендата би ги вклучиле сите знаменитости на градот, но она што сметаме дека е најдобро е да приредиме Wine party, односно забава со вино, кадешто туристите ќе можат да го вкусат најдоброто од нашиот регион!

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply