На 26.12.2018 и 27.12.2018, се одржаа онлајн сeсиите со секој од тимовите на #БиблиоБум.
Низ сесиите со секоја од библиотеките беше поединечно продискутирано за прогресот и совети да подобрување на прашањата. Им беа дадени насоки како да пристапат до потенцијалните корисници и како да дојдат до поопширни одговори. Се дефинираше што значи теренското истражување во целиот процес и како да дојдат до релевантни податоци за колку и каква потреба има локалната заедница од нови услуги.
Дополнително, им беа дадени насоки за спроведување на интервју со различните мапирани примарни и секундарни корисници, потенцијални нови корисници, донатори, инвеститори во локалната заедница, почнувајќи од граѓаните и образовните институции, па се до бизнис секторот.
На 16.01.2019, Среда, ќе се одржи следната (втората) работна сесија во во НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје. На оваа работилница ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата, ќе се работи на дефинирање на целните групи и креирање на персона за дизајн на услуги.