Новости

Четврта работилница од #БиблиоБум

На 27 февруари се одржа четвртата работилница од програмата на #БиблиоБум, на тема „Креирање на прототип на услуга“.

Фасилитирано од страна на Софија Богева, тимовите работеа на скелет на услуга која сакаат да ја спроведат во нивната библиотека.

Покраj прототипирањето, тимовите се запознаа со уметноста на раскажување приказни(Storytelling) и погледнавме неколку примери од останатите библиотеки.

“Услугите и производите најубаво ги претставуваме пред корисниците преку раскажување на приказната зад нив. Кога приказната е искрена, несовршена и предизвикуваа емоции, корисниците ја препознаваат вредноста на услугата”

Софија Богева, фасилитатор на програмата #БиблиоБум

Следно на агендата беше анализа на изработените прототипи, а попладнето продолживме на посета во Амбасадата на САД кадешто учесниците имаа можност да слушнат искуства и практики за активирање на млади лица од Jennifer Velasquez, координатор на библиотекарски услуги во Системот на државни библиотеки во Сан Антонио, Тексас.

Тимовите до сега имаат изработено нови стратешки цели, индикатори и план за развој 2019-2021. Креирањето на прототип на услуга ги води еден чекор поблиску до целта.

Следете не!

#СтараИнспирација #НоваТрансформација

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply