Новости

Изработени концептите за новите услуги од библиотеките за локалните заедници

На 8-ми февруари, Петок се одржа третата работилница од програмата на #БиблиоБум. Работилницата започна со презентација на новите стратешки приоритети, цели и индикатори за период 2019 -2021 год, а потоа се премина на процесот на креирање на портфолио на услиги.

Под менторство на Горазд Смилевски и фасилитацијата на Софија Богева, мапираа можности и се креираше листа со повеќе од триесет услуги кои библиотеките можат да ги понудат на општеството. Тимовите на библиотеките беа ставени на предизвикот да одберат нова услуга која би сакале да ја применат во нивната библиотека до крајот на 2019та година и почнаа да ја креираат истата.

Со интерактивен пристап, тимовите ја дефинираа нивната целна група на корисници за кои изработија профил на личност(персона), по која ќе се водат во дизајнирањето на услугата.

Целта на дизајнирањето со помош на персони е да можат да развиваат решенија, производи и услуги врз основа на потребите на нивните корисници. Откако ќе ја креираат персоната, можат да дизајнираат услуги за корисниците со точност и доверба.

Следете нѐ, предизвикот штотуку стана интересен!

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply