Новости

Дебар: Во чевлите на библиотекарите во програмата #БиблиоБум

Библиотеката при центарот за култура во Дебар, учесник во програмата #БиблиоБум ја краси секогаш позитивниот тим: Миранда Сефедини, Бесар Каба и Пајтим Машкули!

Разговарајќи со нив, согледавме дека нивната љубов кон книгата дели еднакво место во нивните срца со градот во којшто живеат: Дебар! Посветени на литературата и на внесување на позитивна промена во нивното општество, топло не поканија сите нас, но и Вас на посета во библиотеката и прошетка низ градот.

  • Со кој збор би се опишале како тим?

Па.. Прекрасен!

  • Кога денот ви е наопаку што е она што во библиотеката што може да ви го врати расположението?

Книгата, секако!

  • Замислете дека во вашиот град е прогласен полициски час, вонредна состојба, заглавени сте во библиотеката во наредните 24 часа со 40 луѓе. Што ќе направите за забава?

Би ги повикале да ги истражат новите наслови и се посветат на книгите, кога се веќе тука во толкав број!

  • Организирате интерактивна забава по повод патронатот, роденденот на библиотеката. Набројте три активности што би ги правеле со генерациите: деца, возрасни и пензионери.

Со децата би ја пеела песната “Happy Birthday!” и слични песнички што се пеат по родендени, а заедно со возрасните би ги повикала да ги дувнат свеќичките и ја пробаат тортата. За најстарите,  би издвоила поклон книга од библиотеката.

  • Во градот доаѓаат 500 туристи, а вашата библиотека има задача да го промовира градот и оформи агенда за запознавање со градот, што би вклучиле?

Во Дебар има многу да се види, а особено во неговата околина. На пример дебарските бањи и природната убавина што ги опкружува и КНАУФ Радика фабриката за гипс, кадешто може да се види целиот процес на производство. Дебарското езеро е неверојатно, би ги повикала туристите во таверната Цами на самото езеро, да уживаат во оброк и во пејсажите пред нив.

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply