Во рамките на програмата БиблиоБум, локалната библиотека „Феткин“ од Кавадарци, реализира Клуб за друштвени игри, кој што ќе им овозможи на младите да се собираат и да играат друштвени игри во библиотеката. Првиот собир на клубот се одржа на 16 јули. 

Тимот на ЈОУ библиотека ”Феткин” спроведе теренско и онлајн истражување за да ги идентификува потребите на заедницата. Согласно резултатите повеќе од 90% од испитаниците изјавија дека би сакале библиотеката да нуди и услуги кои би ја поттикнале креативноста и воедно би обезбедиле простор за дружење и забава на еден едукативен начин, особено за средношколците и најмладите. Во тој поглед, тимот на библиотека Феткин дојде до идеја да се формира клуб за друштвени игри за да придонесе до збогатување на културно-забавниот и социјалниот живот во општина Кавадарци. 

Библиотеката нуди едно катче за друштвени игри каде што младите ќе можат да доаѓаат и да се дружат. Новата услуга се состои од можност за изнајмување на друштвени игри, за истите да се играат во просториите на библиотеката, но и можност да донесат своја друштвена игра и да ја играат во просториите на библиотеката. Обезбеден е и автомат за кафе и свежи пијалоци каде што корисниците ќе можат да поминуваат повеќе часови во прекрасните простории на библиотеката, а притоа да се чувствуваат комфорно и релаксирано.

Посетете ја локалната библиотека и дознајте какви игри има. Приклучете се на забавата! Повеќе информации можете да најдете на: https://skrati.mk/bibliotekakavadarci

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply