Новости

Преку партнерства до успешна реализација на новите услуги

На 3 април, во просториите на НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје, се одржа работилницата од програмата #БиблиоБум, чив фокус беше креирање на пратнерства за поддршка при работата на библиотеките, како и презентација за евалуација и мониторинг на проекти.

Утрото сесијата на отвори Борка Танеска, претставник од Американската амбасада која ги изложи своите идеи за новитети во библиотечната работа, како и за можностите кои се нудат за понатамошниот развој на библиотеките.

Накратко, господинот Драган Атанасов од Peace Corps, презентираше какво е значењето на мониторинг и евалуација во еден проект. Кои се целите и придобивките од нив за време на еден проект, како да го постигнеме саканиот резултат и кои би биле следните чекори после резултатите.

Потоа, фасилитацијата ја презема Александар Лазовски кој презентираше какви партнерства постојат, која е потребата за креирање партнерства, како можат истите да се изградат и какви продобивки би имале партнерите од соработката. Во зависнот од потребите на тимовите, се разговараше за пристапување кон потенцијалните партнери начини на спонзорирање, најразлични донации и алтернативни пристапи на финансирање во јавните институции како нашите библиотеки. Презентирајќи ги успешните примери за досегашните соработки на организацијата со нашите партнери, Александар успеа да разбуди мноштво идеи за соработки во библиотеките.

Секој од тимовите има свој концепт за реализирање на нова улуга или активност во своите библиотеки. Програмата се развива по принцип на индивидуалност, односно секоја библиотека работи на импементирањето на својот концепт.

Наскоро ќе имаме видливи резултати. Очекувајте не со нови детали!

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply