На ден 16.01.2019, Среда, ја започнавме работната година со втората работилница од програмата на #БиблиоБум!
Третата сесија од програмата #БиблиоБум, односно втората работилница, се одржи на веќе добро познатата локација НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Учесниците за време на работилницата ги презентираа резултатите од теренското истражување кое го правеа во своите локални заедници, со цел да ги откријат вистинските потреби на граѓаните. Ја ревидираа нивната мисија и визија за работата на својата библиотека и потпирајќи се на резултатите од истражувањето креираа нова мисија и визија, под водство на главниот фасилитатор Софија Богева и менторот Горазд Смилевски, генерален менаџер на БАС – Висока школа.
За време на ова работилница, тимовите ги определија стратешките приоритети и индикатори за развој на библиотеката за период 2019- 2021.
Дополнително, на 22 Јануари 2019 година, се одржи онлајн сесија со Г-ѓата Шари Розенстајн Верб, директорката на Центарот за учење, писменост и ангажирање на локалната заедница при Library of Congress, Вашингтон.
Во првиот дел на онлајн сесијата дискутиравме за глобалната промена во библиотечната дејност и улога која ја играат библиотеките во заедниците, колку се адаптибилни на потребите на граѓаните и колку тоа влијае на нивната флексибилност како центри на знаење, ставајќи ги во општеството како витални институции за социјална и економска инфраструктура кои негуваат иновации и креативност.
Во вториот дел зборувавме како македонските библиотеки можат да ја вклучат локалната заедница и споделивме неколку примери и иницијативи кои што се практикуваат во Соединетите Американски Држави.
На крај, рефлектиравме зошто библиотеките се всушност херои за заедницата. Кои се супер моќите кои ги имаат библиотеките? Што е толку уникатно за нив? И последно, но не и помалку важно… Како ќе ги искористат своите супер моќи?
Следете не!