На 24 април се одржи седмата сесија од БиблиоБум. Со полна енергија и возбуденост, тимовите ги презентираа своите готови концепти за услугите кои ќе ги имплементираат во библиотеките.
Низ серија на сесии и дискусии, тимовите беа водени од Александар Лазовски за процесот на креирање на партнерства со јавниот и приватниот сектор. Во текот на сесијата се запознаа и со деловниот бон – тон, пристапот кон првиот состанок и првата интеракција.
Денот беше продолжен со настанот „Speed dating for partnership“, односно кратки состаноци со претставници од бизнис заедницата за креирање партнерства. Секој тим имаше од пет до седум минути да ја презентира својата идеја и начинот на кои би сакале да ги вклучат партнерите.
На самиот крај, Јана Нешковиќ – специјалист за дигитален маркетинг, одржа работилница „Graphic design for dummies“, за дизајнирање на промотивни материјали и ги запозна тимовите со алатката Canva.
Следете не, последната сесија се наближува!