![](https://bibliobum.innovationlab.mk/wp-content/uploads/2019/05/DSC_0328.jpg)
На 15 мај, се одржа последната работилница од програмата на #БиблиоБум. На овој ден се фокусиравме на рефлексија на целосната програма, ги поминавме чекорите кои беа разработени предходните пет месеци, и работевме на креирање на профили на социјалните медиуми и начини како библиотеките да се промовираат на креативен начин.
Софија Богева, фасилитаторот кој ги водеше тимовите низ целата програма направи сумација на теоријата која ја учеа и практичните вежби кои ги имплементираа. Александар Лазовски, специјалист за креирање на партнерства, зборуваше за прогресот кои го постигнаа тимовите со партнерите и кои следни чекори да ги превземат.
Тимовите се запознаа со апликациката форма за грант и работеа на дефинирање на проектни цели и активности со кои што ќе аплицираат за грант во рамки на БиблиоБум програмата.
Шалом М. Константино, претставник од Амбасада на С.А.Д. презентирање за најдобрите практики и алатки што може библиотеките да ги користат за поголема застапанот и пристап до нова публика на социјалните медиуми.
![](https://bibliobum.innovationlab.mk/wp-content/uploads/2019/05/DSC_0392-1024x683.jpg)
На самиот крај имавме онлајн сесија со Венди Тоунли, претставник од библиотеката во Окхлахома каде што дискутиравме за алтернативните начини на финансирање на библиотеките како фандрејзинг настани, донации и спонзорства.
Следната фаза од проектот е имплементација услугите. Следете не, ќе има интересни настани!