Новости

Свети Николе: Вредноста на волотирањето

?Овој #Петок дознајте повеќе за искуството на Марија Петрушева, волонтер во библиотеката „Гоце Делчев“ – #СветиНиколе во рамки на #БиблиоБум програмата ??

„Досега сите работи што ги научив од оваа програма ги гледам како еден голем плус за мене, односно сето ова што досега го стекнав е многу корисно. Со помош на оваа програма во мене се развива критичкото размислување, односно ја развивам способноста за градење на сопствен суд кој се темели на аргументи. Ги зајакнав моите комуникациски вештини преку спроведените интервјуа и останатите задачи кои ми налагаа конверзација со мојата локална заедница. Почнав да се приспособувам кон тимска работа којашто ми дава поддршка во тоа што го работам, односно сите заедно се стремиме кон остварување на иста цел. Способноста за тимска работа е од особено значење за мене, бидејќи тимската работа е многу поефективна и поефикасна отколку индивидуалната и во тимот можеш да ги максимизираш своите силни и да ги минимизираш своите слаби страни. Преку SWOT анализата како и преку дрвото на проблеми научив како да дојдам до решение за одреден проблем и да го воочам истиот.

И со концептите коишто ги пративме до нашите, се надевам идни партнери, научив како да пристапам до потенцијални партнери но не на типичен и вообичаен начин. Целата оваа програма ја гледам како силен фокус врз младите, сметам дека со помош на оваа програма ќе можеме понатаму да ги имплементираме и да им понудиме на младите нова програма од едукативен и забавен карактер. Ова би можело да биде одличен одзив за нив, за мене како и за нашата иднина со што би се подобрил квалитетот на живот на младите луѓе“.

– Марија Петрушева, волонтер во библиотеката „Гоце Делчев“ – Свети Николе

#БиблиоБум #СтранаИнспирација #НоваТрансформација

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Leave a Reply